Ординација по Интерна Медицина

Наша фундаментална цел е да во најкраток можен рок врз основа на сите потребни испитувања поставиме дијагноза, после што пациентот добива препорака за понатамошен третман како во домашни услови така и во болнички услови ако за тоа има индикација. Наша основна мисија е високопрофесионален, љубезен и доверлив третман на болните пациенти, и превенција од болести на здравите.Во скоп на поликлиниката , како консултативно-специјалистичка дејност работи Кабинетот по Интерна медицина, каде што можете да добиете комплетен интернистички преглед . Нашата цел е да поставиме дијагноза во најкраток можен рок врз основа на сите потребни испитувања и последователно да обезбедиме соодветна терапија,затоа што располагаме со високопофесионален,љубезен и доверлив персонал .

Амбулантата е опремена со :

  • 12 канален EKG апарат
  • Ултразвучен апарат за :
    • ехо на срце
    • ехо на стомак
  1. Со ултразвучниот преглед на срцето или ехокардиографија, може да се анализираат големината , изгледот и функцијата на срцевите шуплини , срцевите залистоци и големите крвни садови и на тој начин да се откријат и проценат голем број срцеви заболувања како што се : болести на срцевите залистоци , вродени и стекнати срцеви маани , кардиомиопатии , срцева слабост , последици од инфаркт на миокардот , заболувања на срцевата обвивка (перикардот ) , воспаленија и други болести на срцевиот мускул промени при постоење на артериска хипертензија , пореметувања во срцевиот ритам , откривање на тромботични маси или тумори во срцето.
  2. Ехо на стомак е дијагностичка метода за утврдување на патолошки промени на стомачните органи  : црн дроб , жолчка и жолчни патишта , панкреас , абдоминална аорта , бубрези и слезенка , присуство на каменчиња , цисти , туморозни формации на истите .

Специјалистичка интерна медицина

  • КАРДИОЛОГИЈА
  • ПУЛМОЛОГИЈА
  • ЕНДОКРИНОЛОГИЈА
  • НЕФРОЛОГИЈА
  • РЕУМАТОЛОГИЈА
  • ЕХО НА АБДОМЕН
  • ЕХО НА СРЦЕ СО ДОПЛЕР
  • ЕХО НА ТИРОИДНА ЖЛЕЗДА
  • ЕХО НА КРВНИ САДОВИ

Закажи преглед

 

Промоции:

promocijapromocija 2