Наша фундаментална цел е да во најкраток можен рок врз основа на сите потребни испитувања поставиме дијагноза, после што пациентот добива препорака за понатамошен третман како во домашни услови така и во болнички услови ако за тоа има индикација. Наша основна мисија е високопрофесионален, љубезен и доверлив третман на болните пациенти, и превенција од болести на здравите.Во скоп на поликлиниката , како консултативно-специјалистичка дејност работи Кабинетот по Интерна медицина, каде што можете да добиете комплетен интернистички преглед . Нашата цел е да поставиме дијагноза во најкраток можен рок врз основа на сите потребни испитувања и последователно да обезбедиме соодветна терапија,затоа што располагаме со високопофесионален,љубезен и доверлив персонал .
Амбулантата е опремена со :
- 12 канален EKG апарат
- Ултразвучен апарат за :
- ехо на срце
- ехо на стомак
- Со ултразвучниот преглед на срцето или ехокардиографија, може да се анализираат големината , изгледот и функцијата на срцевите шуплини , срцевите залистоци и големите крвни садови и на тој начин да се откријат и проценат голем број срцеви заболувања како што се : болести на срцевите залистоци , вродени и стекнати срцеви маани , кардиомиопатии , срцева слабост , последици од инфаркт на миокардот , заболувања на срцевата обвивка (перикардот ) , воспаленија и други болести на срцевиот мускул промени при постоење на артериска хипертензија , пореметувања во срцевиот ритам , откривање на тромботични маси или тумори во срцето.
- Ехо на стомак е дијагностичка метода за утврдување на патолошки промени на стомачните органи : црн дроб , жолчка и жолчни патишта , панкреас , абдоминална аорта , бубрези и слезенка , присуство на каменчиња , цисти , туморозни формации на истите .
Специјалистичка интерна медицина
- КАРДИОЛОГИЈА
- ПУЛМОЛОГИЈА
- ЕНДОКРИНОЛОГИЈА
- НЕФРОЛОГИЈА
- РЕУМАТОЛОГИЈА
- ЕХО НА АБДОМЕН
- ЕХО НА СРЦЕ СО ДОПЛЕР
- ЕХО НА ТИРОИДНА ЖЛЕЗДА
- ЕХО НА КРВНИ САДОВИ
Закажи преглед
Промоции: