Во соработка со Универзитетската Клиника за Ревматологија и Проф. Др Ѓеорѓи Божиновски, секој четврток ПЗУ Интермед Арт врши ревматолошки консултации.
Ревматологијата претставува субспецијалност во рамките на интерната медицина. Постојат преку 100 различни ревматолошки заболувања: Ревматоиден артритис, Системски болести на сврзно ткиво, Raynaud синдром, метаболни артропатии итн.
Со цел побрзо откривање и поуспешно лекување на овие болести, вршиме:
- Серолошки ревматолошки испитувања (РФ, анти ЦЦП, ЦПР, Ц3 и Ц4);
- Имунолошки ревматолошки испитувања (ANA панел);
- Капилароскопија (подноктна)
- Артроцентеза
- Физикална терапија и обука